ШТРАЈК ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА: Работници од конфекциски фирми си ги бараат платите
Објавено во: Економија 03 Април, 2017
Работниците во две текстилни компании од Источна Македонија штрајкуваат поради неисплатени плати.
Газдите на работниците им должат половина милиони евра, објави Мета.
Во италијанската компанија „Кадоро Отто“, која работи во ТИРЗ Крива Паланка, работниците плата не земале за два месеци. По пријава од Хелшинскиот комитет за човекови права, трудовата инспекција констатирала дека платата не е исплатена во законскиот рок и ја казнила компанијата.
„Работодавачот ја платил казната од 67.000 денари, но и платата на работниците. Останува единствената алтернатива работниците преку суд да си ги бараат заработените плати“ – изјави Игор Јадровски, правник во Хелшинскиот комитет.
По неможноста да остварат средба со италијанските сопственици, минатата недела работничките на „Кадоро Отто“ одговори побараа од градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Според Горан Трајков од здружението „Тивко мнозинство“ од Штип, работничките слушнале дека извозот на компанијата се врши преку шпедицијата на градоначалникот Алексовски. Трајков бил на средбата на работничките со градоначалникот Алексовски и пред новинарите ја раскажа комуникацијата на градоначалникот со италијанските сопственици.
Од вчера платите си ги бараат и работниците на „Зона трико“ од Виница.