Добивај вести на Viber
Вработените во прилепскиот Мермерен комбинат стапија во штрајк, јавува Канал 5 телевизија. Имено, првата смена во рудникот Сивец прекинала со работа, откако им била поделена плата, во просек намалена за 20 отсто.
Намалувањето на платите, грчките газди го правдале со тоа дека наводно вработените немале исполнето норми, што е спротивно на колективниот договор во кој нема предвидено таков услов. Како што никаде не пишува дека тие треба секојдневно да се малтретирани и омаловажувани, а според нив и со закани дека ќе бидат избркани постојано уценувани.
Пред да им биде продаден на Грците, во прилепскиот комбинат работеа 700 работници. Потоа бројот беше намален на 450, а сега работат 360 со тенденција тој број постојано да се намалува.