20 Декември, 2025
0.1107

Швајцарија против размена на даночни информации со ЕУ

Објавено во: Свет 14 Април, 2013 18:35

Добивај вести на Viber

Швајцарија нема потреба да ја разгледува автоматската размена на информации за даночните власти во Европската унија, имајќи предвид дека не е членка на Унијата, изјави денеска швајцарскиот претседател Ули Маурер во интервју за весникот „Матан диманш“.

Швајцарија и Австрија по последно време се најдоа под зголемен притисок на Унијата да се откажат од тајноста на банкарските податоци, откако Луксембург се согласи од 2015 година да почне да ги открива информациите за клиентите од ЕУ. Унијата сака тоа да стане стандард, со цел да се стави крај на затајувањето данок.

На прашањето дали Швајцарија и натаму има избор по тоа прашање Маурер изјави; „Секако. Ова е опасен момент за Швајцарија, но за разлика од Луксембург, ние не сме членки на Унијата, а освен тоа ги почитуваме стандардите на Организацијата за економска сорабока и развој. Нема потреба сега да ја менуваме својата стратегија“.

Иако швајцарската министерка за финансии Евелин Видмер Шлимф во неколку интервјуа овој викенд укажа дека нејзината земја можеби ќе мора да ја разгледа идејата за автоматска размена на информации доколку сака да стави крај на спорот со ЕУ во врска со затајувањето данок, претседателот Маурер нагласи дека само внатрешните притисоци би можеле да ја наведат Швајцарија да ја разгледа својата политика.

- Ние веќе направивме неколку отстапки. Последната се однесуваше на спогодбата, која ја потпишавме со САД, рече Маурер, што се однесува на договорот според кој американските даночни обврзници, кои имаат сметки во Швајцарија нема да ги избегнат фискалните обврски во САД.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја