06 Јануари, 2025
0.0243

„СИ ДАДОВ ЗАДАЧА ПАТОТ ДА БИДЕ ГОТОВ ДО КРАЈОТ НА 2024 ГОДИНА, ЗАДОЦНИВМЕ САМО ТРИ ДЕНА“ - директорот на ЈПДП Трајановски за патот од Страцин до Крива Паланка

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Со пуштањето на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час ќе се патува за 40 минути.

Патот, којшто официјално е пуштен денеска, е во должина од 25,5 километри и е дел од Коридорот 8. Вкупната инвестиција е 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се средства од Светска Банка, а останатите се грант средства во висина од 13,50 милиони евра.

На експресниот пат има изградено три клучки, три моста, 13 вијадукти и 44 косини. Изградбата е почната во мај 2018 година, од интензивно се работеше во последните шест месеци.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски на официјалното пуштање во употреба, рече дека реализацијата на овој проект е резултат на тимска и координирана работа, а не резултат на само еден субјект.

„Во јули 2024 година кога бев избран за директор на ЈПДП, на првата делница немаше ставено ниту еден сантиметар асфалт, а денес се фалат дека останале само завршните работи. Работите беа крајно забавени. Кога дојдов за директор на ЈПДП, за мене беше предизвик и затоа одлучив целосно да се посветам на овој проект и поставив цел да се заврши до крајот на 2024 година, задоцнивме само три дена“, рече Трајановски.

Посочи дека се планира и проектирање на нов експресен пат од Куманово до Страцин и изградба на клучка кај Гиновци.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој исто така присуствуваше на пуштањето во употреба на овој патен правец, рече дека овој пат не е ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, туку на граѓаните.

„Имаше и такви кои денес направија политичка промоција и наместо да им се извинат на граѓаните дека не успеале во изминатите шест години да направат нешто, денес истрчаа да соберат политички поени. Сакам да порачам дека ова е пат на граѓаните, ова не е пат ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ. Кредитот ќе биде враќан од парите на граѓаните и затоа никој не смее да го присвојува“, рече Мицкоски.

Министер за транспорт и врски и вицепремиер Александар Николоски оцени дека овој патен правец е витална артерија за поврзување со Бугарија и посака да се развиваат нови индустриски капацитети и да заживее источниот дел од државата.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД КУЌА И ЗАПАЛИЛЕ ВОЗИЛО НА НОВИНАРКА: ЗНМ со остра реакција

ПРЕД КУЌА И ЗАПАЛИЛЕ ВОЗИЛО НА НОВИНАРКА: ЗНМ со остра реакција

ПЛАНИРАВМЕ ДУРИ ЖИЧАРА ОД ТЕТОВО ДО СКИЈАЧКИТЕ ТЕРЕНИ НА ШАПКА: Груевски се потсети на времето кога беше премиер, ги кажа плановите и за скијањето на Водно

ПЛАНИРАВМЕ ДУРИ ЖИЧАРА ОД ТЕТОВО ДО СКИЈАЧКИТЕ ТЕРЕНИ НА ШАПКА: Груевски се потсети на времето кога беше премиер, ги кажа плановите и за скијањето на Водно

ПОДГОТВЕН Е ДА ТРЧА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКОТО МЕСТО ВО СКОПЈЕ, НО ИМА УСЛОВ: Се зависи од анкетите

ПОДГОТВЕН Е ДА ТРЧА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКОТО МЕСТО ВО СКОПЈЕ, НО ИМА УСЛОВ: Се зависи од анкетите

ЗА 15 ГОДИНИ, НЕКОЕ РОБОТЧЕ ЌЕ ДОАЃА КАЈ ВАС, ЗА 2-5 МИНУТИ КОМПЛЕТНО ЌЕ ВЕ СКЕНИРА И ЌЕ ПОСТАВИ ДИЈАГНОЗА: Д-р Беќаровски за роботие „ќе прашувате во која наша болница се сликани“

ЗА 15 ГОДИНИ, НЕКОЕ РОБОТЧЕ ЌЕ ДОАЃА КАЈ ВАС, ЗА 2-5 МИНУТИ КОМПЛЕТНО ЌЕ ВЕ СКЕНИРА И ЌЕ ПОСТАВИ ДИЈАГНОЗА: Д-р Беќаровски за роботие „ќе прашувате во која наша болница се сликани“

ПОРАНЕШНИОТ СОБРАНИСКИ СПИКЕР, ВЕЉАНОВСКИ СЕ ПОТСЕТИ НА СЈО: Сподели комично видео, но со која порака?

ПОРАНЕШНИОТ СОБРАНИСКИ СПИКЕР, ВЕЉАНОВСКИ СЕ ПОТСЕТИ НА СЈО: Сподели комично видео, но со која порака?

ЕВЕ КАКО Е НА МИХАЈЛОВО ДЕНОВИВЕ: Новоотворениот скијачки центар атракција за граѓаните, Јанчев се пофали на социјалните мрежи

ЕВЕ КАКО Е НА МИХАЈЛОВО ДЕНОВИВЕ: Новоотворениот скијачки центар атракција за граѓаните, Јанчев се пофали на социјалните мрежи

СТРАЦИН-КРИВА ПАЛАНКА ЌЕ СЕ ГРАДЕШЕ НАЈМАЛКУ УШТЕ ЕДНА ГОДИНА, АКО ЗА ДИРЕКТОР НЕ БЕШЕ НАЗНАЧЕН КОЦЕ: Јакимовски вели, ред било да ги викнеа Бочварси и Николовски на отварањето

СТРАЦИН-КРИВА ПАЛАНКА ЌЕ СЕ ГРАДЕШЕ НАЈМАЛКУ УШТЕ ЕДНА ГОДИНА, АКО ЗА ДИРЕКТОР НЕ БЕШЕ НАЗНАЧЕН КОЦЕ: Јакимовски вели, ред било да ги викнеа Бочварси и Николовски на отварањето

НАСТАПУВА ШПАНСКА ИНКВИЗИЦИЈА: Калајџиев за новиот претседател на Судскиот совет - „приоритет метла“

НАСТАПУВА ШПАНСКА ИНКВИЗИЦИЈА: Калајџиев за новиот претседател на Судскиот совет - „приоритет метла“

ОД МИНУС ВО НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве какво време ќе имаме за Божиќ

ОД МИНУС ВО НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве какво време ќе имаме за Божиќ