06 Декември, 2025
0.0295

Си ја прекинавме сопствената свадба: Интервју со актерската двојка Ристов

Објавено во: Стил 06 Август, 2018 08:45

Добивај вести на Viber

Да се трудиш да го насмееш, да сакаш да се „глупираш“ со него иако не ти се годините за тоа. И најважното – никогаш да не престанете да си давате нежност и да си кажете дека се сакате и дека животот никогаш не би бил доволно исполнет без него. Потсетувајте се, луѓе! Сакајте се! Кажете си! Смејте се! Животот е краток за да сме себични.

„Има една среќа во животот. Да сакате и да бидете сакани.“- вака напиша француската новелистка Џорџ Сенд. Роберт и Мирјана Ристов се едни од оние среќни луѓе кои во целост ја разбираат и живеат оваа порака.Тие се партнери и на „даските што живот значат“, но и во домот што значи сѐ на светот. Како актерски пар со безброј заеднички проекти зад себе, го минуваат целото време заедно, но и по 12 години брачна заедница, секојдневието не им е монотоно. На работа се колеги, а дома се родители на 7-годишниот Василиј. 

За Женски Магазин, открија детали од својата љубовна приказна, посветена на семејството, театарот и среќата.

* Како се запознавте и како започна вашата љубовна приказна?

Р: Сѐ почна во ТЕАТАР! Со разговорите по претставата, за претставата, за живеењето на сцената и за живеењето надвор од сцената!

М: Роберт Ви одговори погоре.

* Колку сте слични, а колку различни, со оглед на тоа што имате иста професија?

Р: И двајцата сме посветени на семејството, и двајцата сакаме театар, сакаме да гледаме добра претстава, сакаме да сме дел од добра претстава, сакаме предизвици, сакаме да патуваме заедно и ред други работи кои се навидум обични, а знаат да те направат необично среќен.

М: Двајцата ни ги исполнуваат срцата навидум малите нешта: патувањата, поминување време со нашиот син, „глупирањето“ и подмладувањето со него, гледање добар филм, добра претстава…Она во што можеби сме различни – во театар, најверојатно машко/женската енергија. На пример: Роберт пред почеток на претстава сака да се повлече и да си ја почувствува енергијата со која ќе излезе на сцената, додека јас за да се сконцентрирам морам да зборувам и да „замарам“ некој. 

Целото интервју прочитајте го на Женски Магазин. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: