19 Мај, 2024
0.0249

Сибирскиот студ го блокира Балканот

Објавено во: Балкан 26 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Студениот сибирски бран, кој се прошири кон Балканскиот Полоустров, во целиот регион донесе многу ниски температури и големи врнежи од снег, кој падна дури и во делови на јадранското крајбрежје.

Црногорскиот хидрометеролошки завод соопшти дека најмногу снег во Црна Гора наврнал на Жабљак каде е формирана снежна покривка од 97 сантиметри, а снег има во Подгороца, Цетиње, Колшин, Шавник, Рожаје, Андријавица, Бијело Поље и Пљевља. Снег паѓал вчера и во црногорското пристаниште Бар, кој набрзо преминал во дожд. 

Директоратот за вонредни состојби при црногорското Министерство за внатрешни работи ги повика сите институции да го зголемат степенот на подготвеност пред налетот на студениот бран.

Интензивни врнежи од снег се регистрирани и во поголемиот дел од Хравтска, поради што властите на целата територија на земјата прогласија жолт метеоаларм за опасност од временски неприлики. Во континентална Хрватска се измерени температури од минус 17 до минус три степени, а на јадранското приморје од мунус четири до четри степени. 

Највисока снежна покривка од 232 сантиметри е формирана во Завижан, во Делнице 149, на Плитвичките Езера 115, во Огулин 92, Госпиќ 81, а во Слуњ 75 сентиметри. 

Најголемиот дел од Босна исто така е прекриен со снег, при што највисока снежна покривка од 183 сантиметри е измерена на Бјелашница. Во тој реон е измерена и температура од минус 16 степени Целзиусови, во Хан Пјесак од минус 11, во Тузла минус шест, Бања Лука и Сараево по минус пет, а во Мостар еден степен над нулата.

Снег од вчера паѓа и во цела Србија, каде исто така се измерени температури под нулата. Снегот предизвика проблеми во одвувањето на сообраќајот во поголемиот дел од Балканот, пред се на повисоките места. 

Метеоролозите најавуваат дека исклучително студеното време, проследено со ниски температури и снежни врнеж, ќе продолжи во текот на целата оваа недела.


Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел