Силен ветер уби пет лица
Објавено во: Свет 29 Октомври, 2018
При налет на силен ветер во Италија денеска загинаа пет лица.
Две млади лица загинале близу до главниот град Рим, кога дрво паднало врз автомобилот со кој патувале. Едно лице загина во град Терачина, на сто километри југоисточно од Рим на сличен начин.
21-годишен човек во градот Неапол загина кога врз него паднало дрво додека одел по улица.
Жена загинала во Савона во регионот Лигурија, кога била погодена од предмет носен од силниот ветар.
Италијански медиуми јавија за десетици дрвја искорнати од корен насекаде низ Рим, поради што многу паркови се затворени.
Во училиштата беше прекината наставата, а локалните власти ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови ако немаат голема потреба.
Во поголемиот дел од Италија во сила беше предупредувањето за поројни дождови и силни ветрови.