Силен земјотрес ги избрка туристите од хотелите
Објавено во: Свет 22 Март, 2017
Земјотресот со јачина од 5,5 степени го погоди островот Бали во Индонезија.
Потресот исплаши и стотици странски туристи во хотелите.
Островот е атракција и туристички центар за љубители на морето од целиот свет. Нема податоци за физички повредени и сериозни штети, но според очевидци, цитирани од ТАСС, многу од гостите заминувале во паника од хотелите. Според информација на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот е на 12 километри северно од градот Денпасар. Земјотресот бил на длабочина од 142 километри.
Утрово земјотреси имало во Грција, Италија, Јонско море, и Турција.