Силен земјотрес ја стресе оваа земја - ќе има ли цунами?
Објавено во: Свет 03 Јуни, 2017
Силен земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Папуа Нова Гвинеја, oбјави американскиот Геолошки завод.
Земјотресот бил на длабочина од 190 километри, а епицентарот бил на 109 километри западно од провинцијата Маганг.
Нема информации за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета. Исто така не е издадено предупредување за појава на цунами.
Оваа земја лани ја погоди земјотрес од 8 степени, а при тоа имаше и опасност од цунами.
Денеска земјотреси имаше во Италија, Грција, Турција, Ирак и други земји.