СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС: Луѓето бегаа од канцеларии
Објавено во: Свет 08 Април, 2017
Земјотрес од 5.9 степени утрово го погоди јужниот дел на Филипините.
Се стресоа Манила, Лагуна, Кавиту и Батану, соопшти Американскиот геолошки институт.
По овој силен земјотрес имаше и 40 потреси, а делови од Манила останаа без струја.
Земјотресот бил на длабочина од 42.7 км, а нема податоци за жртви и штети.
Луѓето во паника бегале од своите домови и канцеларии.