Силен земјотрес стресе остров
Објавено во: Свет 15 Декември, 2017
Земјотрес од 6.5 степени го погоди островот Јава во Индонезија.
Оваа информација ја соопшти Американскиот геолошки институт.
Епицентарот бил на 52 км од градот Тасикмалаја, а потресот бил на длабочина од 92 км.
Засега не се знае дали е издадено предупредување за цунами, ниту дали има материјални штети.