Силен земјотрес утрово ја погоди Грција
Објавено во: Балкан 27 Септември, 2021
Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погодил денеска Грција.
Според локалните медиуми, земјотресот бил почувствуван на Крит.
Според Геодинамичкиот институт, епицентарот на земјотресот бил регистриран на 22 километри северозападно од Арви.
Вибрациите се регистрирани на длабочина од пет метри, пишуваат грчките медиуми.