СИЉАНОВСКА - ДАВКОВА ЗА АНДОВ: Замина еден стамен столбник на нашата современост
Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2024
Андов беше предводник на разумноста и трпеливоста, изјави претседателката Гордана Сиљановска - Давкова за поранешниот собраниски спикер Стојан Андов кој вчера почина на 89 години.
Давкова денеска се обрати на Комеморативната седница по повод смртта на Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на самостојна Република Македонија.
„Замина првиот претседател на Собранието во демократска Македонија избран на првите повеќепартиски избори, потоа избран уште двапати на истата функција, еден стамен столбник на нашата современост којшто даде сериозен придонес во политичкиот, државниот и општествениот развој во последните три децении“, рече Сиљановска Давкова.
Потсети дека Андов во деведесеттите години беше либерал, кој сметаше дека нема реформи без либералните вредности, слободите и правата и економските реформи.
„Замина, угледен сојузен функционер во поранешната заедничка држава, дипломат кому му се доверуваа најсуштествените задолженија на меѓународен план, којшто беше член на сојузните влади во два мандати, кој што го прокрстари светот, како задолжен за односи со земјите во развој и со Европската економска заедница, претходничката на Европската Унија, којшто во име на сојузната влада го потпиша Договорот за соработка со Европската економска заедница“, нагласи претседателката.
Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година. Се сметал за извонреден познавач и експерт на економските прашања, како и политичар ориентиран кон пазарната економија. Бил амбасадор на поранешна Југославија во Ирак (1987-1991 година). фото Фејсбук/Гордана Сиљановска - Давкова
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.