Силвана Бонева вели дека неистомисленици поттикнуваат омраза против неа
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2021
Ми измислија секс скандал, рекордерски патни трошоци и криминали кои не сум ги направила, тврди поранешната пратеничката од ВМРО- ДПМНЕ, Силвана Бонева. Таа денес имала воведен говор пред судот за обвинението на СЈО против неа. Бонева сподели дел од говорот, во кој наведува дека обвинението против неа е невистиното. Таа вели дека нејзините политички неистомисленици намерно поттикнуваат омраза и злоба против неа.
„Бев јавно линчувана со години, со конструираните големи лаги дека сум била рекордер во земањето на патни трошоци, потоа дека со криминални пари сум купила станови, со лагите дека сум стекнала фирми како СИЛБО, ЖИКОЛ, катна гаража во Прилеп, казино во Гевгелија, плантажи во Валандово и Дојран и многу други лаги, дури измислија и дека сум имала секс скандал, за сега да ми стават на грб и криминално дејание што не сум го направила“, посочи Бонева.
Во септември 2020 година против неа е поднесен обвинителен акт, во врска со фискалните сметки кои ги приложувала за надомест на патни трошоци. Се работи за периодот од 1-ви јануари 2011 до 16-ти декември 2015 година, кога Бонева беше пратеник.
Инаку, новите пратеници имаат помалку патни трошоци, но сепак месечните исплати остануваат високи.