04 Мај, 2024
0.0272

Синдикалци од Еурокомпозит не се откажуваат од протестите

Објавено во: Економија 26 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ утрово излезе на протести пред фабриката од наменската индустрија во Прилеп барајќи да не се задушуваат работничките права, како и да се исполнат целосно барањата на вработените во државната фирма која подолг период е во голема криза. 

Според Роберт Богданоски, претседател на Синдикатот изутрината од раководството ја добиле одлуката дека им е забранет влезот во фабриката поради суспензиите на синдикалните членови што тие не ги признаваат.

– Кога дојдовме ја видовме одлуката од директорот дека не смееме да влеземе во фабриката поради суспензиите што ние не ги признаваме. Вработените беа присутни од изутрината и штрајкуваа, дел влегоа во погоните, дел си заминаа. Им укажавме на вработените да одлучат како сметаат и доколку сакаат да влезат во погоните, ние нема да ги спречиме, ниту имаме право на тоа. Но, се изјаснија дека сите ни ја даваат поддршката, изјави Богданоски.

Синдикатот вели дека не излегле на блокада на патниот правец Прилеп-Градско на излезот од градот зашто имало најави дека ќе се смени раководството.

– Очекуваме дека во најскоро време ќе се смени раководството, а одредена најава добивме од прилепскиот градоначалник и поради тоа ја одложивме блокадата на патниот правец. Доколку се смени раководството ќе се исполни и тој услов во договорот со Владата: добивме просечна републичка плата, по една да добиваме месечно, да се смени раководството и во рок од шест месеци да се реши судбината на компанијата. Во тој период ние ќе работиме, рече Богданоски.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски