24 Ноември, 2024
0.0274

СИНДИКАТОТ НА УПОЗ И СЕ НАЛУТИ НА АНГЕЛОВСКА - личните ставови за платите на администрацијата да си ги чувате за себе

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), остро се спротивставува на личните ставови на Министерката за финансии г-ѓа Нина Ангеловска, а кои се однесуваат за кратење на платата на јавната администрација, кои се нејасни и создаваат забуна во јавноста. Ова го нагласи синдикатот, во своето соопштение до јавноста. 

„Можеби некој требал да ја подучи министерката дека како носител на јавна функција и тоа една од најодговорните во државата, личните ставови да си ги чува за себе. Или пак, тоа не се нејзини лични ставови, туку ставови на одредени лица од бизнис заедницата кои неосновано атакуваат врз администрацијата и упорно ја пласираат идејата дека ако не се скратат платите на администрацијата, на економијата во државата и нема спас“, велат од УПОЗ.

Според нив, ваквите неодмерени изјави на министерката за финансии покажуваат основно непознавање за тоа што е јавна администрација, а што јавен сектор и за тоа колкав е износот на платите во администрацијата.

Чистата нето плата на вработените во администрацијата во групата Г (референти) која е најбројна во администрацијата е следната: 14.518,00 денари за помлад референт, 14.888,00 денари за референт, 15.681,00 денари за Виш референт и 16.474,00 денари за самостоен референт. Затоа прашуваме, од што, од кого и колку ќе крати министерката?

Од 2009 година до сега, на вработените во администрацијата најпрвин со мерките за штедење, а потоа и со фамозниот Закон за извршување, им се скратени сите надоместоци и додатоци на плата и единствен начин на кој некој вработен можеше да ги добие овие со закон загарантирани додатоци, беше со тужба до надлежните судови.

Имајќи го предвид фактот дека од почетокот на кризата предизвикана од вирусот Ковид – 19 голем број на трговци ги зголемија цените на основите средства за живот, а вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2020 година, изнесува 33.243,00 денари, се прашуваме дали доколку министерката за финансии имаше плата под просечната во државата како 75 отсто од административните службеници ќе беше толку гласна и ќе бараше намалување на платите во администрацијата.  

Исто така прашуваме, дали желбата на министерката за кратење на платите во администрацијата е компензација за неуспешниот обид за кратење на платите на избраните и именуваните функционери па се повторува онаа стара македонска поговорка: „Ако не можеш по магарето удри по самарот.“, пишуваат од УПОЗ.  

Повторно сакаме да укажеме, додаваат, дека со кратење на платите ќе бидат погодени најранливите категории од вработените, а особено самохраните родители, родителите на деца со посебни потреби, вработените кои живат под кирија и оние кои се единствени вработени во нивните семејства.

За Синдикатот на УПОЗ предлогот за кратење на платите е неоснован, неприфатлив и неполезен. Ова ќе биде потег без ефект, а кратењето на платите на администрацијата нема да направи значителна заштеда во Буџетот на државата, туку ќе биде одмазда и задоволување на барањата на дел од бизнис заедницата.

„Со евентуалното кратење на платите на вработените ќе се намали и нивната куповна моќ, а еден од основните начини за излез од финансиска криза е да постои зголемена потрошувачка моќ на граѓаните, а не на најмалку платените вработени во државата уште повеќе да им се скратат платите“, потенцираат од УПОЗ.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа