20 Декември, 2025
0.3015

СИНОЌА СИ ЈА СКРШИВ НОГАТА ВО ОВАА СКРШЕНА ДРЖАВА - еве низ каква голгота поминуваме сите за да добиеме обична здравствена услуга

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2022 21:11

Добивај вести на Viber

Млад човек од Скопје многу прецизно и детално преку својот фејсбук статус ја раскжува неговата приказна зошто не сака да живее во оваа држава. Нешто што сме го преживеале сите. 

Ја искршил ногата, но и покрај централизираната служба 112, многу тешко обезбедил некој да му помогне, а и кога конечно дошол до возило на брза помош, неговата голгота не завршува тука. 

„Синоќа си ја скршив ногата во оваа скршена држава.

Петок бев на работа до 01:00 сабајле, продолжив кај другарка на кратко и си дојдов дома во 04:00, спиев два саати, станав во 07:00 и отидов на еден целодневен саем. Се вратив дома да одморам и назад на работа пак до 01:00.

Беше некаде околу 01:30 кога се случи инцидентот. Возев тротинет накај дома и додека чекав семафор за да преминам пешачки, забележав едно бездомно куче седнато до мене. Не му обрнав многу внимание па ни тоа мене, барем не додека не светна зелено и тргнав да возам. Како се качив на скутерот и ја минев улицата приметив дека нешто скока по мене и ме брка. Се свртев исплашено и видов дека е кучето. Од страв дека ме напаѓа почнав побргу да возам, надевајќи се дека нема да ја достигне истата брзина како мене (25 км на час), но тоа успеа, а јас изгубив контрола… Не знам како не паднав на земја и успеав да задржам рамнотежа на нозе, но не без последици.

Откако застанав сфатив дека имам многу лоша болка во десното стапало и веднаш седнав на тротоарот. Со ранец на грб, тротинет од една страна а кучето од друга. Очигледно тоа беше расположено за дружење и внимание но јас веќе не.

Прво, не ја гледам вината во кучето, не мислам дека беше агресивно или дека пак “ме нападна”. Скоро секој ден ја возам истата рута, ги поминувам овие кучиња и скоро една година како се движам на истиот овој потег кај Веро Џамбо, јас барем, не сум имал ниту еден инцидент со уличните кучиња. Ова само може да го сметам како многу жална несреќа за барање внимание и љубов од едно бездомно животно кое почнува да спие надвор на 6 степени, среде септември!“, е дел од тешкотиите со кои се соочил овој млад човек.

Ова е неговата исповед.


Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти