20 Декември, 2025
0.0937

Синот на директорот на ФЕД нема пари за студии

Објавено во: Свет 14 Април, 2013 10:42

Добивај вести на Viber

Школарините на факултетите во САД пораснале толку многу, што дури и синот на директорот на Федералните резерви на САД , Бен Бернанке, мора да подигне кредит за да ги финансира своите студии. САД до 2025 година ќе имаат недостаток од околу 130.000 лекари, со оглед на растот на постарата популација. Меѓутоа за младите со послаба матерјална состојба медицинските студии стануваат недостижни, а исто така и за оние кои имаат големи задолжувања. Според пишувањето на „Блумберг“, просечниот студентски кредит за  медицински студии во 2012 година изнесувал 170.000 долари, во споредба со само 13.469 долари во 1978 година. Синот на Бернанке, кој студира на Медицинскиот колеџ „Веил Корнел“ во Њујорк, ќе мора до собере дури 400.000 долари до моментот додека не добие диплома. Директорот на ФЕД, Бен Бернанке, минатата година пред Конгресот рече дека очекува неговиот син да излезе со докторска диплома и долг од 400.000 долари. За студентите на медицинските факултети во 2013 година просечните четиригодишни трошоци изнесуваат 278.000 долари во приватните и 207.860 долари на државните факултети, наведува Здружението на американските медицински факултети. Поголемиот број студенти на медицина школувањето го финансираат преку кредити. Каматната стапка за студентите се движи од 6,8 до 7,9 проценти. Каматните стапки на студентските кредити ги одредува Конгресот. Бернанке неодамна предупреди на се поголемото задолжување на студентите. Тој изјави дека регулаторните тела треба „внимателно да ги надгледуваат“ студентските позајмици. Според пишувањето на „Вол стрит журнал“ од декември 2012 година, синот на Бернанке има хипотека на својата трособна куќа кај Капитол хил во износ од 672.000 долари. На општо изненадување, Бернанке го рефинансирал тој долг два пати.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја