19 Мај, 2024
0.0323

Siri одбива да одговара на одредени прашања на луѓе кои не се претплатници на Apple Music

Објавено во: Стил 27 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Корисниците кои не се претплатници на музичката услуга „Apple Music“, нема да можат да ги искористат предностите за сите функции на гласовниот асистент „Siri“. Причината е дека дел од информациите што „Siri“ ги користи зад „платениот ѕид“ се недостапни ако корисникот не е претплатник, соопштува интернет изданието „BusinessInsider“.

Откритието е на инвеститорот Том Конрад. Тој објави на „Twitter“ слика која ја покажува реакцијата на „Siri“. Конрад прашал која е најпопуларната песна во САД за денот „Siri“ одговара дека не може да се проверат музичките листи, бидејќи „изгледа не сте зачленет на Apple Music“.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/tconrad/status/658682973680603136/photo/1[/embed]

Гласовниот асистент одговара на истиот начин на ова прашање и на останатите корисници кои не се претплатени на услугата. Засега „Apple“ не ја коментираше темата.

Ова е интересна промена во пристапот на компанијата. Ако прашате на „Siri“ кој е најдобар изнајмуван филм во САД, гласовниот асистент дава конкретен одговор, а потоа му нуди на корисникот да го ангажира преку „iTunes“. Оваа тактика се применува со години, но, се чини, дека „Apple“ сака да ја промени, барем од гледна точка на музиката.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“