СИТЕ ДЕВЕТМИНА КОЧАНЧАНИ КОИ ВДИШАА ЧАД СЕ ПУШТЕНИ ДОМА - Филипче за здравствената состојба на повредените од пожарот
Објавено во: Македонија 03 Август, 2021
Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани кои синоќа побараа лекарска помош поради вдишување на чад, како последица од пожарот се во добра здравствена состојба и сите се пуштени дома.
Пациентите синоќа беа задржани во болница неколку часа и примаа кислородна терапија. Во пожарот нема поврдени со изгореници.