19 Декември, 2025
0.0835

Сите фирми кои денеска работат мора да исплатат дневница 50 отсто повисока од регуларната!

Објавено во: Економија 24 Мај, 2013 08:41

Добивај вести на Viber

Сите фирми кои денеска ќе работат на работниците ќе треба да им исплатат празнична дневница, која е 50% повисока од регуларната. Некои од компаниите ги исплаќаат празничните  дневници, дел пак не ги исплаќаат, а трети прават манипулации со пресметките за плата. Со измените на Законот за работни односи во февриари годинава, се воведе обврска сите што ќе работат на празник тоа да мораат да го пријават, со оглед дека од донесувањето на законските измени единствени празници беа првомајските и денешниот празник, а платата за нив ќе се земе во јуни, дури на средината на летото контролите ќе покажат дали се исплатени или не празнични дневници. Контроли за исплаќањето на празничната дневница се правеле и претходно по стариот закон, но не се евидентирани посебно како прекршок. Портпаролот на Министерството за труд и социјална политика, Давор Политов вели дека во просек годишно се правени околу 30.000 редовни, контроли и поднесувани се околу 950 барања за поведување на прекршочна постапка, а дел од нив се однесуваат и на неисплаќањето на празнична дневница.

Фактор: Дали годинава за празниците што изминаа биле лоцирани компании чии работници работеле за време на празник, а сепак не им биле исплатени  празнични дневници ?

Политов: Обврската за пријавување на работа на празник е предвидена со измените на Законот за работни односи кои стапија на сила на 19 февруари 2013 година. Од тогаш, први Државни празници се 1 мај и 6 мај, а бидејќи платата за мај треба да се исплати до 15 јуни, ние како ресорно министерство дури потоа ќе може да кажеме дали сите оние кои работеле за празник ја исплатиле празничната дневница или не. Работодавачите кај коишто се евидентира работата на празник, истата ја исплатуваат со зголемена дневница. Прекршок прават оние работодавачи кои не го евидентираат работењето на празник. Дали и каде има прекршувања и какви санкции ќе бидат изречени за оние работодавци кај кои евентуално контролите ќе покажат дека не исплатиле празнична дневница,  законот е многу јасен.

Фактор: Пред измените на Законот за работни односи од 19 февруари 2013 година како се регулираше исплаќањето на празничните дневници, а како по измените кои стапија на сила во февруари 2013 година? Што е разликата, предноста ? Политов: Да појаснам. Со Законот е регулирано отсуството од работа поради празнување со надоместок на плата за празниците на Република Македонија, кои се определени како слободни денови од работа. Со измената на законот во 2013 година и воведувањето на новиот став 3( член 148), се воведе обврска за работодавачот за секое воведување на работа на државен празник да го извести Државниот инспектор за труд. Исплаќањето на празнична дневница беше обврска на работодавачот и пред измените на Законот за работните односи, но сега работодавачот има обврска да ја пријави работата на државниот празник и за тој ден на работникот да му исплати празнична дневница која е за 50% повисока од регуларната. Во спротивно глобите за ваквите случаи се од 2000-3000 евра за работодавач правно лице, 500-1000 евра за одговорно лице во правното лице и 1000-2000 евра за работодавач физичко лице. Неодамна, со цел да им се излезе во пресрет на барањата на работодавачите за намалување на административните процедури при доставувања на известувањата од ваков тип до Државниот инспекторат за труд, ја воведовме и можноста за електронско евидентирање на овие известувања, со праќање на известувањата по е-маил адресата prijava@mtsp.gov.mk. На овој начин се овозможува и поголема ефикасност во работата на инспекцијата на трудот( на пример доколку затекне лице за кои не е пријавено дека ќе врши прекувремена работа, ќе работи на државен празник или ноќна смена.) Фактор: Во кои сектори најмногу се врши ваквиот тип на злоупотреба, односно не се исплаќаат празнични дневници иако се работи за празник? Политов: Од досегашното искуство и податоци со кои располагаме, јасно е дека злоупотребите најчесто се присутни во секторите угостителство, трговија, градежништво и текстилната индустрија. Токму таму се случува за време на празник на работа да биде на пример цел погон работници во една текстилна фабрика или сите градежници да работат на некој објект, а особено во рестораните и дуќаните кои на празниците се во трка за дополнителна заработувачка, но без да исплатат празнична дневница. Сепак, сега со новите законски измени очекуваме подобрување на целата ситуација и воведување на ред кај работодавачите со исплаќањето на празничните дневници. Фактор: Успеваат ли инспекците да ги утврдат овие неправилности ?

Политов: Со обврската за пријавување на работењето на празник и обврската за евидентирање на работното време се олеснува постапката за откривање на работата на празник и почитувањето на Законот за работни односи во тој дел. При надзорите се контролира евиденцијата за присутност на работа, се бара известување за работа на празник и се врши увид во пресметките на плата.

Фактор: Кои се начините кои компаниите ги користат за заобиколување на исплаќањето на празничните дневници ?

Политов: Во најголем дел од случаите е евидентирано избегнувањето на исплата на празнична дневница со неевидентирање на работата на работниците кои работеле на празник. Но, имаме и случаи кадешто по интервенција на инспекцијата во пресметките за плата се прикажува паричен износ за работа на празник, меѓутоа во вкупниот збир на платата истиот го нема. Во ваквите случаи инспекторите постапуваат согласно со законот и носат решение за отстранување на неправилностите, односно повредите на законот и другите прописи во одреден рок, а за непостапување се поднесува барање за поведување на прекршочна постапка.

Фактор: Како се открива таквата манипулација?

Политов: Ова се открива со споредување на евиденцијата за присутност на работа и податоците во месечната пресметка на платата.

Фактор: Колкав е бројот на контроли направени од страна на инспекциските служби во фирмите и кај колку од нив се утврдени неправилности во однос на неисплаќање на празнични дневници, во изминатите две години (пред измените на Законот за работни односи во февруари 2013 година)?

Политов: Според податоците од извештаите за работа на Државниот инспекторат за труд, на годишно ниво во делот на работните односи во просек се извршувани околу 30.000 редовни, контролни и надзори по претсавки на граѓаните. Од друга странаподнесувани се околу 950 барања за поведување на прекршочна постапка. Со оглед дека не се води посебна евиденција, дел од овие прекршувања се однесуваат и на неисплаќањето на празнична дневница.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар