18 Мај, 2024
0.0284

Сите новини во пензискиот систем што ги најави Царовска

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Министерката за труд и социјала Мила Царовска ги презентираше реформите во пензискиот систем кои ќе овозможат праведна и стабилна исплата на пензиите и негова одржливост за 50 години од денеска.

Нагласи дека со предложената реформа нема да има зголемување на старосната граница и нема да има замрзнување на пензиите.

– По 12 години правиме вистинска и темелна анализа на пензискиот систем, нешто што беше заборавено и беше постојано ставано под тепих. После една година излегуваме со оваа реформа којашто ќе ја спроведеме заедно со институциите во пензискиот систем, рече Царовска.

Посочи дека дефицитот во ПИОМ во последните 10 години е зголемен за 150 проценти и изнесува повеќе од 19 милијарди денари. Ова, како што рече, се должи на примената на политики кои се засноваа на ослободување од придонеси („Македонија вработува 1“ и „Македонија вработува 2“) како последица на што имаше намалување на придонесите кои не се вклучија во пензискиот систем, а имаше и ад хок зголемувања на пензиите кои беа нереални. Со примена на предложените мерки за една година се очекува дефицитот да биде намален од 19 милијарди денари на 16,9 милијарди денари.

– Имаме минимална корекција на придонесот од 0,5 проценти, втората мерка е дека воведуваме јасен критериум за влез во вториот столб од пензискиот систем, а тоа е денот и годината на раѓање. Сите оние коишто се родени до 1.01.1967 година ќе може да се вратат и да добиваат пензија само од првиот столб. Со тоа даваме можност граѓаните да имаат поповолни пензии. Исто така, ќе може сите оние кои користат бенефициран стаж да се вратат и да користат пензија само од прв столб. Во моментов во таква ситуација се вработените во МВР и во МО, што ги става во поповолна положба. Но, најранливите се во двостолбен систем и имаат нереално ниски пензии. Ние го правиме системот праведен за сите оние кои имаат бенефициран стаж вклучително и рударите да се вратат во прв столб и да си добијат поповолни пензии, рече Царовска.

Додаде дека се зголемува и процентот на пресметка на пензии во двостолбниот систем. За мажи процентот се зголемува од сегашните 0,75 на 1 процент, а за жениод 0,86 на 1,14 проценти.

– Ако по денешниот систем оние што се во двостолбен систем се пензионираат ќе добијат максимални 30 проценти од платата. Со новиот систем којшто го воведуваме ќе добијат 40 проценти од максималната плата, што значи поповолни пензии и стабилна исплата на пензии за идните пензионери. Пензиите ќе се усогласуваат двапати годишно како што е законски регулирано со растот на трошоци на живот. Доколку во претходната година има раст од четири проценти на БДП имаме дополнително усогласување во истата година, рече Царовска.

Се воведува и државната социјална пензија која според нивните проценки ќе може да ја користат околу 6.000 граѓани коишто имаат 65 години возраст, 15 годиниживеалиште во Република Македонија и еден ден стаж. Висината на оваа пензија ќе изнесува 40 проценти од просечната исплатена пензија во Република Македонија или околу 5.800 денари.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра