26 Април, 2024
0.0285

СИТЕ ПАРТИСКИ ПЕРЈАНИЦИ МОЛЧАТ НА ФЕЈСБУК, се плашат ли да не ги откријат позициите

Објавено во: Македонија 08 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Откако почнаа преговорите за обезбедување парламентарно мнозинство и формирање влада, политичарите како да дадоа „завет на молчење“ на фејсбук.

Ако се досега ревносно коментираа за било кое политичко збиднување или гест на политичкиот противник, па со свои статуси и постови на фејсбук профилите се јавуваа и по неколку пати на денот, во последниве денови е забележлив целосен молк.

Без разлика дали припаѓаат на социјалдемократската опција, или на ВМРО-ДПМНЕ, не сакаат премногу да пишуваат преку социјалните мрежи, ниту да ги откриваат своите позиции на тој начин. 

Па така, ако се погледнат нивните профили, или последен пост што го објавиле е честитањето на празникот Илинден, или, доколку станува збор за пратеници, нивна фотографија од конститутивната седница во Собранието. 

Па дури и пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој важи за остар критичар на ДУИ и кој кога се појави неофицијалната вест дека наводно се проговара за ротационен премиер меѓу двете партии, се огласи со ставот „Гладна кокошка просо сонува“, сега повеќе како да не сака да бранува.

Сиот овој молк се случува додека партиите преговараат за обезбедување парламентарно мнозинство и формирање влада. 

СДСМ и ДУИ вчера имаа средба на ниво на генерални секретари, но оттаму произлезе само на какви принципи треба да се заснова новата влада.

Но, според сознанијата, инсистирањето на ДУИ за премиер Албанец ги комплицира преговорите.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за Телма изјавил дека се уште нема договор со ДУИ, и ја замоли јавноста за трпение. 

Според експертите, СДСМ е поблиску до шансите дека ќе формира влада, но според нив, не се исклучени и изненадувања.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица