20 Декември, 2025
0.0367

Ситуацијата на Балканот се нормализира: Словенија и Хрватска ги отворија границите

Објавено во: Балкан 20 Октомври, 2015 11:34

Добивај вести на Viber

Словенија соопшти дека го примила на своја територијата поголемиот дел од имигрантите кои беа блокирани на границата со Хрватска, иако првично најави дека нема да дозволи повеќе од 2.500 луѓе дневно да ја поминат границата.

Хрватска, исто така ја отвори границата со Србија и им допушти на илјадниците блокирани мигранти да го продолжат патот од таму.

Хуманитарни агенции предупредија сепак за ужасните услови на граничните премини на Балканот. Стотици илјади имигранти, повеќето од Сирија, Африка и Авганистан, се обидуваат да преминат од Турција преку Балканот во последниве месеци, во обид да стигнат до Германија, Шведска и други земји од ЕУ. Маршрутата се пренасочи во Словенија, откако Унгарија ги затвори границите и мигрантите мораа да бараат заобиколувања.

ЕК: Словенија, Хрватска и Унгарија да соработуваат

Европската комисија ги повика Словенија, Хрватска и Унгарија да соработуваат во контролата на границата и да ги усогласат своите мерки во решавањето на бегалската криза со правилата на Европската унија.

Од Брисел посочија дека не се заинтересирани за нивните меѓусебни обвинувања, и ги повикаа за координирана акција и единствен европски одговор.

„Комисијата уверена дека е потребно сеопфатно решение и дека Европа треба да одговори како унија“, изјавил портпаролот Маргаритис Скинас. Словенија и Хрватска си ги доделија рестрикциите на границата, откако илјадници бегалци западнаа во лоша состојба поради лошото време и недостатокот на нормални услови на граничните премини. Словенија соопшти дека веќе се примени 5000 мигранти, од кои 900 веќе се на пат кон Австрија. Поради миграција притисокот од Љубљана повика за поголема европска солидарност. „Словенија ги повикува земјите и институциите на Европската унија да се вклучат активно за справувањето со овој диспропорционален товар за државата ... Европската солидарност е под закана. Нереално е да се очекува од земја со два милиона жители да исполни нешто што многу поголеми држави не се во состојба да направат“, се наведува во соопштението на владата.

Австрија: Капацитетот ни е пред исцрпување

Во исто време Австрија најави дека нејзините можности за прифаќање на бегалци и имигранти „зависат од активностите на Германија, но и од капацитетот за прием, кој може да биде исцрпен за два или три дена“.

Австрискиот министер за внатрешни работи Јохана Микл-Лаитнер изјавил дека ситуацијата постојано се менува, и дека властите се во постојан контакт со словенечките колеги.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација