17 Мај, 2024
0.0329

СЈО: УБК нема технички ни човечки капацитет да исполни судска наредба

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

„СЈО денеска доби наредба од Основниот суд Скопје 1, која е добиена по повод наше барање за да ни бидат доставени сите податоци за броевите кои што ги имаме маркирани во УБК во периодот кој што назад е предмет на наш интерес. Тие податоци се сомневаме дека се наоѓаат и во моменталните системи кои што ги има УБК и нашата цел е да ги обезбедиме токму овие податоци, за да видиме дали тие податоци прво се навистина таму и понатаму што можеме да утврдиме од нив“, вака ја образложи денешната „посета“ на Управата за безбедност и контраразузнавање специјалната јавна обвинителка Ленче Ристовска.

Обвинителката Ристовска рече дека од досегашното постапување на нивно исклучително жалење е што Управата не само што немала волја да постапи по судската наредба, туку манифестира и недостаток и на технички и на човечки капацитети за исполнување на судска наредба.

Од СЈО  не сакаа во овој момент да коменираат дали тоа е намерно или не е намерно.

„Единствено сме разочарани од тоа што со ваков тип на државна институција се соочуваме со немање на човечки и технички капацитети да се реализира судска наредба и еве веќе подолг период сме тука и како што кажа и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тапкаме буквално во место, односно немаме никаков напредок во однос на одземање на податоците кои што се предмет на судската наредба“, рече Ленче.

СЈО апелираше до сите медиуми да бидат внимателни со употреби на имиња на компании кои можат да помогнат во истрагата, бидејќи имаат соработка со сите компании и не сакаат да биде нарушен угледот на некоја од нив.

Повеќе информации СЈО најави за текот на утрешната прес конференција која ќе се одржи во 11 часот.

Јанева пак се надоврза и рече дека таа и тимот остануваат да дежураат во УБК а за неа рече оти се додека може физички да издржи ќе остане таму, па ако треба и до јануари но ќе ги добие податоците.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање