СЈО за прв пат побара одложување на рочиште по новонастанатата ситуација
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2019
Специјалното јавно обвинителство за прв пат побара одложување на судско рочиште откако редовното обвинителство објави дека ќе ги превземе неговите предмети.
Обвинителот Бурим Рустеми посочи дека новата ситуација ќе треба да го одложи рочиштето за случајот „ТНТ“ сè додека не се донесе одлука кој обвинител ќе го застапува случајот на суд. Одбраната и обвинетите се согласија со предлогот.
Случајот ТНТ се однесува на рушење на деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фиат Цаноски, а обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски.