12 Мај, 2024
0.0243

СКАПО ЧИНИ ОДРЖУВАЊЕТО НА ЗАПЛЕНЕТИОТ ИМОТ НА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ: Само за една јахта се издвојуваат 7 милиони годишно во САД

Објавено во: Финансии, Свет 13 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Американската влада соопшти дека троши повеќе од 7 милиони долари годишно за одржување на суперјахтата што ја заплени од санкционираниот руски олигарх Сулејман Керимов и го повика судијата да дозволи да го продаде бродот пред да се реши спорот околу неговата сопственост.

Властите на Фиџи ја заплениле јахтата Амадео долга 106 метри, вредна 300 милиони долари, во мај 2022 година, според американскиот налог во кој се тврди дека е во сопственост на Сулејман Керимов, мултимилијардер, санкциониран од американското Министерство за финансии во 2014 и 2018 година за  руските активности во Сирија и Украина, објави Ројтерс.

Едуард Худаинатов, кој ја водеше руската државна компанија за нафта и гас Роснефт од 2010 до 2013 година, ги оспорува напорите за аукција на јахтата.

Худаинатов тврди дека Амадеа не може да биде одземена бидејќи не е санкциониран.

Во судска пријава, федералните обвинители во Менхетен му кажаа на американскиот окружен судија Дејл Хау дека просечната месечна сметка за одржување на Амадеа од 600.000 долари е „прекумерна“, оправдувајќи ја аукцијата.

Наведоа и дека пропаднале преговорите Худајнат да плати за одржување на јахтата.

Обвинителите во претходните судски поднесоци тврдеа дека Худаинатов се однесува како сопственик на Амадеа за да ја прикрие улогата на Керимов и дека плаќањата за одржување се од суштинско значење за зачувување на вредноста на јахтата.

Худаинатов има рок до 23 февруари да одговори на барањето на обвинителот.

Во соопштението, неговите адвокати рекоа дека предлогот за продажба на бродот е „предвремен“.



Можеби ќе ве интересира

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди