Ски-центар Кожуф со нови членови во УО на доверители ќе се обиде да опстане
Објавено во: Економија 11 Јули, 2018
Собранието на доверители Ски-центарот Кожуф донесе одлука со која се прифати предлогот да се зголеми бројот на членовите на одборот на доверители од три члена на пет члена на Одборот на доверители кои треба да му помогнат на стечајниот должник да излезе од криза и да профункционира.
Се контатира дека Собранието на доверители донесе одлука со која за членови на Одборот на доверители се избрани доверителот друштво за услуги „Мигро ресортс“ ДООЕЛ Гевгелија и доверителот „Гофи груп оф финанце анд инвестмент С.А“ (GOFI GROUP of finance and investment S.A) од Швајцарија и со која потврди составот на Одборот на доверители во следниот состав: Стопанска банка АД Скопје, Република Македонија-Министерство за финансии-Управа за јавни приходи-РД Прилеп, акционерското друштво за осигурување и реосигурување Македонија Скопје Виена иншуренс груп, Мигро ресортс и Гофи груп.
Се констатира дека Собранието на доверители ја прифати иницијативата за подготовка на План за реорганизација доставена од доверителот „АМБ траде интернационал ЛТД“ од Прилеп.
Се задолжува доверителот „АМБ траде интернационал ЛТД“ од Прилеп да пристапи кон подготовка на планот за реорганизација и да го достави до Основниот суд Велес во рок од 45 дена, сметано од денот на одржување на првото извештајно Собрание на доверители“, пишува во обрзложението на решението.
Инаку, „Гофи гроуп“ е фонд во сопственост на еден од најреномираните македонски бизнисмени Трифун
Костовски.