14 Мај, 2024
0.0282

СКМ: Ако не се смени Законот за помош за платите, хотелите не можат да ја користат мерката и ќе бидат принудени да затворат

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Компаниите од угостителството и туризмот бараат измена на членови од Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020.

Ова денеска го соопштија од Стопанската комора на Македонија.

„Во насока на реализирање на четвртиот пакет мерки, а со цел поддршка за економска одржливост и директна поддршка на компаниите од различни сектори, од страна на Владата на РС Македонија, предвидените серија мерки за еден од најпогодените сектори – туризмот и угостителството согласно опфатот на дејностите во рамки на секторот, како и обемот на средства кои се издвоени за поддршка, повеќе од извесно е ќе имаат делумно ублажување на негативните ефекти од здравствено- економската криза предизвикана од Ковид-19 вирусот“, велат од комората.

Сепак, нагласуваат, голем број од компаниите од угостителско туристичкиот сектор, пред сѐ хотелските објекти, се соочуваат со проблем околу користење на мерката - Финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати (т.е. месеците октомври, ноември и декември), која воедно е и прва мерка од четвртиот пакет економски мерки која започна да се реализира.

„Проблемот е во условите кои се утврдени во Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020. За таа цел Здружението на угостителството и туризам при Стопанската комора на Македонија, бара измена на Законот со бришење на алинеја 2 и алинеја 3 од член 3, став 3, од Законот.

Имајќи го предвид фактот дека на пазарот на трудот во рамки на секторот угостителство и туризам како еден од најпогодените сектори од пандемијата доаѓа и до ситуации голем број на работници доброволно да заминуваат од работа и бараат вработување во друг сектор, а во дел од хотелите бројот на вработени е намален поради сезонскиот карактер на вработување, компаниите укажуваат дека меѓу останатите проблеми предизвикани од здравствено-економската криза, се соочуваат и со реален проблем да ги задржат вработените. Дополнителен проблем е ограничувањата за исплата по основ на награда за деловна успешност, друг вид на годишна награда на вработените или дивиденда што е резултат на успешна работа од претходен период и е значајно да биде реализирано како обврска кон вработените со цел задржување на работните позиции во услови на голема мобилност на вработените во овој сектор.

Доколку овие два услова не бидат изземени, Здружението на угостителството и туризам укажува дека голем број хотели во државата ќе бидат принудени времено да ги затворат своите објекти, а вработените да ги пријават како невработени во Агенцијата за вработување на РС Македонија“, се вели во дописот од комората до јавноста.

Барањето е доставено до надлежните државни институции со очекување дека ќе биде соодветно разгледано и ќе се излезе во пресрет на деловните субјекти од секторот туризам и угостителство, со укажување дека голем дел од компаниите пред сѐ хотелите нема да бидат во можност да ја искористат оваа мерка. 

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата