19 Мај, 2024
0.0314

СКОК НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Koј светски настан доведе до раст?

Објавено во: Економија 09 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

По 2014 година, сега нафтата има раст на цената. 

Цените на акциите паднаа на азиските берзи, додека цените на нафтата драстично се зголемија еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи повторно да воведе економски санкции против Иран.

На Токиската берза, индексот Nikkei падна за 0,4 отсто, додека цените на акциите во Сингапур и Јужна Кореја се намалија меѓу 0,2 и 0,4 отсто. Берзанските индекси во Шангај, Австралија и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,1 и 0,3 проценти.

На азиските берзи владее претпазливост, како и вчера на Вол стрит, откако американскиот претседател најави дека САД се повлекуваат од меѓународниот нуклеарен договор со цел да го спречат Иран да развива нуклеарно оружје и дека веднаш ќе воведат економски санкции врз Техеран.

Одлуката на Трамп го зголемува ризикот од конфликт на Блискиот Исток и ги нарушува односите меѓу САД и нивните европски сојузници. Покрај тоа, санкциите на САД би можеле да го нарушат работењето на многу азиски компании кои функционираат во Иран.

Поради стравувањата на инвеститорите дека санкциите ќе ја прекинат испораката на нафта од Иран, цената на црното злато рапидно се зголеми.

Цената по барел во Лондон утрово порасна за 2,5 отсто на 76,75 долари, што е највисоко ниво во последните три и пол години. На американскиот пазар, пак, цената за барел порасна за 2,2 отсто на 70,60 долари, што е блиску до највисокото ниво од ноември 2014 година.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?