Скопјанец нападнат со ланец и секира
Објавено во: Македонија 05 Март, 2018
Вчера околку 23 часот скопјанецот И.И. (42) пријавил дека додека седел во неговата куќа со неговите внуци, дошле Е.Г.(47) и К.Г.(27) кои физички го нападнале.
„Тие го удирале со ланец кој го носеле со себе, а потоа и со секира која ја одзеле од И.И. со што му нанеле видлива повреда во пределот на главата“, информираат од МВР
По преземени мерки двете лица биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.