19 Мај, 2024
0.0262

Скопјанец со четири инвестиции во својот дом радикално ги намалил сметките за струја

Објавено во: Економија 08 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Електро-инженерот од Скопје, Панче Пецаноски, променил, односно инвестирал во  четири работи во својот дом и од тогаш плаќа неколкукратно помали сметки за струја, а неговото искуство го споделува со „Фактор“.

Како прва и најевтина инвестиција, ги променил старите светилки со зажарено влакно со новите LED-светилки.

- Старата од 100 вати ја заменува нова од 10 вати, односно со десет пати помала потрошувачка. Цената на една таква светилка е 100 денари, а издржливоста во просек е над две години. Ги има во сите LED-маркети кои во последно време се почесто се отвораат. Тие се поекономични дури и од флуоросцентните штедливи светилки.  Овој потрошувач не смее да се потцени, бидејќи во просек како активни ги има по пет во речиси секој дом и трошат електрична енергија по осум часа на ден - вели Пецаноски.

Вториот „зафат“ во својот дом му е соларниот систем за добивање санитарна топла вода. Вградил отворен систем  со вакуумски цевки и бојлер од 200 литри.  За овој систем не е потребна дополнителна  електрична енергија бидејќи нема пумпа. Водата се разменува по слободен пат. Овој систем чини 400-тини евра со монтажа.

- Постојат поскапи, но овој систем е најрационален. Во пракса, корисникот го користи безмалку во текот на целата година. Во зимските денови, во кои има сонце, температурата на водата достигнува до 45 степени целзиусови, додека активно се користи од средината на февруари до средината на ноември, кога температурата достигнува од 70 до 95 степени целзиусови.  Заштедува 80 киловати електрична енергија месечно, односно од 400 до 1.000 денари, а инвестицијата се враќа за неколку години - смета Пецаноски.

Инвертер клима уредите се на третото место по сумата која треба да се плати, но игра голема улога во заштедата. Овие климатизери доколку  трошат електрична енергија од еден киловат, даваат четири киловати топлинска енергија. Коефициентот на полезно дејство е четири пати.

- Тоа значи дека заштедата е многу поголема. Кај домаќинствата, како резидентни клима уреди за парите вложени во нив се добива најмногу - го споделува своето искуство.

Најскапа, но долгорочно многу исплатлива инвестиција, е демит-фасадата (стиропор) со која се заштедува во поглед на греење и ладење на домот. 

- За нашето поднебје препорачана дебелина на изолацијата е 8 сантиметри. Со оваа дебелина најоптимална е цената на враќање на инвестицијата. Цената за поставување од метар квадратен е 18 евра севкупно, но ако во домот имате седум радијатори, по поставувањето на оваа фасадат, ќе може да работат само пет од нив за да се постигне истата температура - наведува тој.

Пецаноски препорачува најголемите потрошувачи во домот  како шпорет, бојлер, греалка итн., заради заштеда на сметката за електрична енергија, при купување тие да бидат во подобра енергетска класа (А, А+, А++), бидејќи на годишно ниво сумата што треба да се плати е многу помала.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници