Скопје доби дополнителни 200 пластични контејнери
Објавено во: Мои пари 17 Септември, 2013
Со цел да се подобри собирањето на отпадот во Скопје, набавени се 200 пластични контејнери, секој со зафатнина од 1,1 метар квадратен. 150 контејнери се со зелена боја и зелен капак и се наменети за собирање комунален отпад. 50 контејнери се со зелена боја и жолт капак и се за ПЕТ-амбалажа.
Вредноста на оваа набавка изнесува 2.490.750 денари, а средствата ги издвои ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски изјави дека новите контејнери ќе придонесат за подобар изглед и за поголема хигиена и оти помалку ќе се оштетуваат.
Град Скопје со ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, преку своите програми ќе спроведе комплетна замена на сите железни контејнери од 1,1 метар кубен со новите пластични. Изминатите години набавени се и поставени на повеќе локации низ градот 116 трикоморни мрежести контејнери за селективно собирање отпад, а на индивидуалните домаќинства бесплатно им се доделени 60 илјади канти од 120 литри.
Трајановски апелираше граѓаните да внимаваат при оставањето на сметот во контејнерите во металните, а осебно и во новите пластични контејнери.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Ракип Дочи рече дека по проектот за подземните контејнери и со новите 200 пластични се модернизира начинот на собирање на комуналниот отпад во главниот град.
- Нови контејнери се поставени кај маркетот „Кaрфур“ во ТЦ Сити Мол и кај Американската амбасада, на нивно барање. Првично пластични контерјнери ќе се поставуваат кај државните институции, на главните улици и секаде каде има простор, рече Дочи.