15 Декември, 2025
0.0948

Скопје догодина ќе ја дочека имплементацијата на БРТ

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2025 07:00

Добивај вести на Viber

Кон средината на следната година се очекува во Скопје да почне имплементацијата на проектот BRT (bus rapid transit). Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека проектот ќе се имплеменира, но со одредени исправки во проектот бидејќи недостига трасата од поврзување со Драчево и Радишани. 

Веќе вчера имав состанок со претставници од ЕБОР и ќе треба да се потпишат договорите помеѓу Градот Скопје, Министерството за транспорт и Министерството за финансии и да влеземе во фаза на реализација. Тоа нема да биде постапка од денес за утре, но дефакто ќе влеземе во реализација. Сметам дека некаде во втората половина од следната година би биле подготвени да влеземе со изведба на проектот. Првата фаза е 44 милиони евра и 22 милиони евра се за втората фаза. Првата фаза предвидува обезбедување на трасата, стојалиштата, но и 35 автобуси така што се надевам дека до средина на следната година ќе почнеме со импелментација. Има сериозни подготовки што треба да следат. Треба мостото „Обединети нации“ да се заштити во целиот процес којшто не е предвиден во овој дел од финансирањето од ЕБОр така што имаме доста работа но почнавме да се екипираме и верувам дека во од ќе ги решаваме сите предизвици кои ќе произлезат, рече Ѓорѓиевски вечерва во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5. 

Проектот го промовираше администрацијата на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, со официјално соопштение на ЕБОР во април 2021 година. 

За новогодишното украсување на Скопје, градоначалникот соопшти дека се предвидени 70 милиони евра кои утре треба да бидат изгласани со ребалансот на Буџетот од страна на Советот на град Скопје. На новогодишната ноќ, граѓаните ќе ги забавуваат македонски музички ѕвезди. Ѓорѓиевски рече дека и тој со семејството годинава Новата Година ќе ја дочека на плоштадот во Скопје.


Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро