СКОПЈЕ ЕПИЦЕНТАР НА КОВИД СО 107 НОВОЗАРАЗЕНИ: Вкупниот број денеска 182 инфицирани и шест починати од корона вирусот
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2020
182 новозаразени лица со корона вирусот се регистрирани
денеска, починаа шест пациенти. Скопје е главното жариште со 107 нови
инфицирани. Следуваат Тетово 23, Куманово 14, Ресен 13, Охрид 6, Струга 5, Гостивар и Штип
со по 4, Битола 2, и по еден нов случај во Струмица, Кочани, Берово и Неготино
Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од
Куманово и двајца од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца
пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и
пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е
потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти
од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85
години, хоспитализиран на 10 јуни.
Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.