Добивај вести на Viber
Скопје денеска ја одбележува 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.
На одбележувањето на 50-годишнината од скопскиот земјотрес во Скопје се очекува да пристигнат повеќе градоначалници и претставници од Љубљана, Загреб, Софија, Тирана, Дрезден, Нирнберг, Нанчанг.
Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.
Од трагедијата на скопјани беше потресен целиот свет. Меѓународниот Црвен крст апелираше до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот.
Токму и затоа Скопје го доби епитетот „Град на солидарноста“.