27 Април, 2024
0.0287

Скопје рекордер во загадување - го надмина годишниот ЕУ лимит за аерозагадување уште во февруари

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

„Скопје ги надмина годишните дозволени ЕУ граници за аерозагадување уште во февруари. Овие ЕУ лимити денеска се надминати на сите мерни станици во Скопје, освен во Миладиновци, општина Илинден, соопшти Заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“.

Дозволена граница за концентрации на ПМ10 честички во 24 часа во ЕУ, просечно се 50 микрограми на метар кубен. Дозволениот број на надминувања на лимитите за ПМ10 честички е 35 дена во една календарска година. Најмногу надминувања на 24-часовните гранични вредности за ПМ10 честичките, броено во календарски денови, заклучно до денеска се регистрирани кај Ректорат (УКИМ)-54, Лисиче со 47, Гази Баба 45, Карпош 42 и Центар 40 микрограми на метар кубен.

 „Апелираме до локалните и централните власти за итни и одржливи мерки за подобрување на воздухот во Скопје и низ цела Македонија. Воздухот во Скопје не смее да се користи како канализација на тешката индустрија и градежната индустрија. Мерки како дводневен бесплатен превоз се премали за еден од најзагадените градови во светот“, стои во соопштението од „Скопје Смог Аларм“.

Заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“ потсетува дека Германија планира да воведе целосно бесплатен јавен превоз во пет најзагадени градови. Кина ја ангажира армијата за да засади дрвја, најмногу во околината на главниот град Пекинг и привремено затвори голем број фабрики со цел да се намали загадувањето. Париз неколку пати воведе „Ден без автомобили“ во центарот на градот.
 Крајно време е и Македонија да превземе соодветни мерки за спречување на загадувањето.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“