14 Декември, 2025
0.6819

„СКОПСКО ГРУП“ КАВАДАРЦИ НА МИЛАН ИВАНОВСКИ ВЛЕЗЕ СО НАД ПЕТ ОТСТО ВО „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - дали сегашниот значаен акционер ги засилува позициите во компанијата

Објавено во: Економија 29 Мај, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

Една од најпознатите компании за дистрибуција на пијалоци, Скопско Груп ДООЕЛ Кавадарци, влегува во компанијата „Аутомакедонија“. Односно, компанијата Скопско груп во изминатиот период се стекнала со 4.205 акции на еден од најголемите продавачи на возила во земјава, што претставува 5,1 отсто од акциите, и со тоа влегува во категоријата акционери со над 5 отсто од акциите.

За оваа сопственичка промена извести „Аутомакедонија“, преку Македонската берза.

„Известуваме дека Скопско Груп ДООЕЛ Кавадарци, во изминатиот период се стекна со 4.205 акции од издавачот Аутомакедонија АД Скопје, што претставува 5,1отсто од вкупниот број на акции на издавачот“, се вели во објавата од Аутомакедонија на берзата.

Според последните достапни информации, најголемите акционери во Аутомакедонија АД Скопје се Иванка Мојсова, со 22,48 отсто, Милан Ивановски со 14,66 отсто, потоа Драгана Јаневска, Јане Јаневски и Кирило Јаневски, децата на бизнисменот Свето Јаневски, со по 6,78 проценти. Потоа, Аутомакедонија АД Скопје поседува сопствени акции од 6,03 акции, и Скопско Груп располага со 5,1 отсто. Според информациите, акции има и Игор Илиевски, генерален директор, со 400 акции.

Она што е интересно, а што излегува како податок од Централниот регистар, е дека компанијата Скопско Груп е всушност во сопственост на Милан Ивановски, кој е еден од најголемите акционери во Аутомакедонија, со 14,66 отсто од акциите.

Овој акционер своевремено поседуваше поголем акционерски пакет, односно 17,99 отсто во Аутомакедонија, па се поставува прашањето дали тој ги отстапува неговите акциите на својата компанија Скопско Груп во Аутомакедонија, или, пак, ги засилува своите позиции во оваа компанија.

Според достапните податоци, Скопско Груп ДООЕЛ Кавадарци е компанија основана во 2009 година, со седиште во Кавадарци. Таа се специјализира за дистрибуција на пијалоци, со акцент на пиво и вина, и е партнер на Пивара Скопје и Винарска Визба Тиквеш. Компанијата е активна во трговијата со врвни брендови на пива и вина.

Компанијата има дистрибутивна мрежа која опфаќа различни региони во Северна Македонија, со фокус на пивски и вински производи.

„Аутомакедонија“, пак, ја завршила 2024 година со чист профит од близу половина милион евра, или прецизно 485 илјади евра, што е зголемување за 9 отсто во однос на претходната 2023 година.

Минатата година во „Аутомакедонија“ се слеале 10,8 милиони евра како оперативни приходи, што е одличен раст од дури 26 проценти во однос на претходната година. Речиси сите овие пари се инкасирани од продажбата на возила, односно на име на приходи од продажба се слеале 10,65 милиони евра, и сите тие се приходи од продажба на домашниот пазар, што е и логично, и кај нив има зголемување за 27 проценти.

Кога беа објавени деветмесечните резултати за лани, од компанијата многу прецизно објаснија дека нивната добивка беше зголемена поради зголемена продажба на возила во комерцијалниот сегмент. Тоа значи дека Македонците лани „удриле“ на купување на нови возила, што се рефлектира во поголеми заработувачки кај компаниите кои работат во таа бранша.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“