Добивај вести на Viber
Од понеделник, 16 септември, јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје ќе функционира на нова локација. Како што соопштија од претпријатието, секторот за наплата и премер, финансиско-правниот сектор, секторот за правни, кадрови и општи работи, како и архивата на претпријатието ќе бидат префрлени на нова локација – „Илинденска“ бр.1.
Новите административни простории всушност се сместени во Градскиот ѕид, спроти Владата.
Досега овие простории се наоѓаа на ул. „Џон Кенеди“.