19 Мај, 2024
0.0252

СКРИЕНИ ТАЈНИ: Дознајте зошто бебињата имаат страв од ноќта и зошто може да нуркаат!

Објавено во: Стил 19 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Слатки, фасцинантни и мистериозни - бебиња. Откако ќе ги прочитате овие десет занимливости за нив, уште повеќе ќе им се восхитувате!

Дали знаевте на пример дека бебињата може да дишаат и голтаат во исто време? Оваа можност ја губат во седмиот месец од животот. Интересно е и тоа како веднаш по раѓањето бебето има извонреден слух. Може да одреди откаде доаѓа звукот веќе 10 минути по раѓањето.

Третата занимливост е што детското „шесто сетило“ - кога детето огладне и ќе легне во положба на мајчините гради, во рок од еден час тоа ќе ги пронајде мајчините гради. Мајчиниот глас и мирс го препознаваат веднаш по раѓањето.

Уште еден фасцинантен факт околу овие мали битиа е дека мозокот за 12 месеци им се зголемува двојно повеќе.

Забите почнуваат да растат шест месеци пред да се роди бебето.

Ако бебето нагло се тргне од сон и почне да плаче или вришти тоа веројатно има страв од ноќта - да напоменеме дека тоа не е исто како и ноќниот кошмар. Ноќните стравови понекогап се случуваат кога бебето поминува од една во друга фаза на сонот. Никој не е сигурен како и зошто ова се случува.

Децата се фасцинантни и се раѓаат со 300 коски -  а возрасните имаат 206. Причината е бидејќи некои коски во текот на растењето се спојуваат.

Сигурно неколку пати сте виделе како родителите ги „фрлаат“ децата во базен и помисливте како не се нормални.

Но, вистина е дека бебињата се раѓаат со способност за пливање и можат продорно да го задржат здивот. За жал, многу брзо го губат тој инстинкт.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“