18 Мај, 2024
0.0268

СКРОЕН БУЏЕТОТ ЗА 2016: Владата планира повисоки пензии за 5 одсто и помал буџетски дефицит

Објавено во: Економија 24 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

2.875.000.000 евра е проекцијата на новиот Буџет на Владата за 2016 година со кој предвидуваат зголемување на пензиите и социјалната помош и зголемување на парите наменети за капитални инвестиции.

Ова денес го соопшти министерот за финансии Зоран Ставрески кој го претстави Буџетот за 2016 година, кој Владата го донела на синоќешната седница.

Ставрески истакна дека нивните проекции се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 отсто оваа година на 3,2 проценти за следната година и второ, зголемување на средствата за капитални инвестиции, односно покачување на пензии и социјална помош за 5 отсто и значително зголемување на капиталните инвестиции со цел да се поттикне развојната компонента на Буџетот

„Македонската економија е жилава, а тоа покажува дека основните политики се добро поставени и дека може да се справи со одредени ризици и може добро да одговориме на тие ризици. Оттаму нема ни една причина да не веруваме дека растот од 4 проценти за следната година е реален, посебно имајќи предвид дека ќе продолжи политиката на поддршка на тој раст преку капителаните инвестиции и од аспект на приходната и расходната страна ќе обезбедиме доволно средства за ангажман на домашните фирми што се во градежништвото, но и 25 други гранки што работат со нив. Градежништвото заедно со индустријата и нето извозот ќе бидат носители на растот во 2016 година“, рече Ставрески.

Даночните приходи во Буџетот за 2016 година се планирани со раст од 6,5 отсто или да достигнат 101.531.000.000 денари, неданочните и капиталните приходи се предвидува дека ќе остварат 9.633.000.000 вкупен износ. Придонесите е планирано да се зголемат за 4,2 проценти и да достигнат ниво од 49.187.000.000 денари. На сопствените сметки буџетските корисници ќе остварат 15.553.000.000 денари. „На расходната страна се две значајни политики тоа е зголемување на  пензиите за 5 отсто, коешто ќе се реализира од септемвриската пензија што ќе се исплати во октомври 2016 година. Тоа подразбира дополнителни средства за тие три месеци  од 611  милиони денари, но тој ефект  ќе се пренесе и врз буџетот за 2017 година. Социјалната помош ќе се зголеми за 5 проценти почнувајќи од јуни 2016 година, за што се потребни дополнителни 218 милиони денари“, рече Ставрески. За платите се предвидени 25.906 милиони денари, што е за 3,3 проценти повеќе од 2015 година. Кај стоките и услугите планирано е да изнесуваат нешто повеќе од 19 милијарди денари, при што се обезбедени и средства за изборите во април 2016 година.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа