18 Декември, 2025
0.1275

Скурлетис: Атина не може да прави повеќе попусти

Објавено во: Балкан, Економија 02 Јуни, 2015 18:14

Добивај вести на Viber

Грција не може да прави повеќе отстапки по прашањето за својот долг и меѓународните кредитори треба да преземат одговорност во овој поглед, изјавил за националната телевизија грчкиот министер за труд, Панос Скурлетис.

„Ние веќе немаме простор за маневрирање. Очекуваме од другата страна да ја преземат својата одговорност“, изјавил министерот.

Грција и меѓународните кредитори треба да го усогласат новиот план за реформи во земјата, што ќе им овозможи по трет пат да се продолжи втората програма за кредитна поддршка на Грција и да и се преведе останатата транша од помошта на износ од 7,2 милијарди евра.

Премиерот на Грција ги обвини кредиторите за своите „апсурдни барања“

Оваа програма требаше да заврши во декември 2014 година, но терминот беше продолжен за два месеци, а потоа и до крајот на јуни. Сега се дискутира прашањето за продолжување на програмата до крајот на 2015 година. Голем број експерти се на мислење дека може да е потребен трет пакет кредитна помош за да може Атина самостојно да излезе на финансиските пазари.

Во исто време кредиторите го подготвуваат последниот предлог кон Грција. Во изминатата ноќ во Берлин се одржала кризна средба за проблемот со грчкиот долг, во која учествуваат германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, претседателот на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер, директорот на ММФ Кристин Лагард и шефот на ЕЦБ Марио Драги.

Лагард: Излегувањето на Грција од еврозоната е можно

Како што соопштија германските медиуми, цитирајќи владини извори, целта е да се направи навистина последниот предлог на Грција, кое е задолжително да е врз основа на тековната програма за помош на Атина.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии