15 Декември, 2025
0.0321

СЛАБА КУПОВНА МОЌ: Во Србија бензинот се продава на рати!

Објавено во: Балкан 17 Февруари, 2014 08:48

Добивај вести на Viber

Од почетокот на годинава продажбата на горива во Србија опадна за 10%, што ги принуди трговците со нафтени деривати да смислуваат различно стратегии за да ги вратат потрошувачите - попусти за викенд, намаленија, па дури и купување на гориво на три рати. Бензинските пумпи кои нудат бензин на рати без камата велат дека веќе започнуваат да ги чувствуваат резултатите од ваквата мерка. „Продажбата опадна и до 15% на некои бензински пумпи. Куповната моќ е значително намалена, намалена е економската активност, нема пари. Сите мора да нудиме различни погодности за фирми, за постојани муштерии“, вели Бора Татиќ заменик претседател на Здружението на приватни бензински станици во Србија. Тој додава дека возачите го одмеруваат секој динар за да го надополнат резервоарот, а за полнење „до врв“ речиси никој веќе не размислува поради високите цени на бензините. Со најголеми загуби работат бензинските пумпи во пограничните региони на Србија кон Македонија и Босна и Херцеговина. Во нашата земја и во Босна и Херцеговина цените на горивото се пониски отколку во Србија, па голем дел од жителите на овие погранични региони полнат бензин преку граница.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството