06 Декември, 2025
0.0307

Сладолед диета – за витка линија !

Објавено во: Стил 02 Јули, 2014 16:17

Добивај вести на Viber

Диетата со сладолед е диета од околу 1 250 калории која ви овозможува да јадете сладолед секој ден, константно да губите на тежина, но морате да обрнете внимание на количината на порцијата.

Жените на диета може да изедат една чинија сладолед дневно, а за мажите е дозволено (дури) една и половина чинија. Исто така се препорачува да јадете сладолед со ниско ниво на масти кој има 125 или помалку калории по оброк, односно во една порција. Затоа е неопходно да почнете да ги читате етикетите и сигурни сме дека ќе бидете прилично изненадени како варираат калориите во различни видови на сладолед. Секако, домашниот сладолед е најдобро решение!

Пример за дневно мени:

Појадок: Една шолја жолти снегулки, прелиени со една лажица шеќер, една шолја боровница и една шолја млеко со мало ниво на масти.

Ручек: Сендвич со две парчиња интегрален леб, парче зелена салата и 75 гр. Туна. По желба може да додадете и парчиња домат и како зачин мелен босилок.

Ужина: Шолја млеко со мало ниво на масти и едно овошје.

Вечера: Едно големо парче пица со сирење и мешана салата. Десерт: Една чинија сладолед.

Втор пример за дневно мени:

Појадок: 75 гр. Младо сирење, 2 тоста од интегрален леб, 1 портокал, шолја чај.

Ручек: Печен пилешки стек (150гр.), парче интегрален леб, голема чинија салата од сезонски зеленчук.

Ужина: Шејк од 2.5 дл. домашен јогурт и пола шолја малини, капини или боровинки.

Вечера: 200 гр. Шампињони печени на тефлон, 25 гр. Шунка, шолја попарен мешан зеленчук (карфиол, морков, млада боранија, грашок...) и 1 домат како салата.

Десерт: Една чинија сладолед.

Дали оваа диета е навистина ефикасна?

Оваа диета ја имаат пробано доста луѓе и сите тврдат дека оваа диета функционира и дава резултати. Колку точно килограми се губат се уште не е потврдено, затоа што станува збор за релативно нова диета, но некој просек е околу 3 килограми неделно, што со вака богато мени, воопшто не е лошо.

Доколку се решите да ја пробате оваа диета, морате најпрво да проверите дали ви одговара. Диетата со сигурност ќе функционира ако ја разберете и ги пратите насоките кои ви се дадени. Инаку, оваа диета го има добиено ваквото име само за да привлече внимание, но таа е во суштина многу разумен пристап кон слабеењето, а тоа е вежбање и броење на калориите кои се внесуваат.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: