08 Октомври, 2024
0.0288

Слатките се женска утеха по која следи теретана: Ели Пешева за приказната на „О ла ла“

Објавено во: Стил 30 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Велат дека жената кога е нерасположена, оди на маратонски шопинг или се утешува со благо. Женската психологија дека тортите и слатките се решение за многу проблеми, опишани во книгата „Чокохоличарка на диета“ ја поддржува и Ели Пешева, директорка за комуникации во компанијата „Њу Момент“ и идеолог на продавницата за слатки „О ла ла“. Рецептите за нејзините омилени колачи за кои вели дека пеат од задоволство, ги наоѓа на патувањата, од слаткарите, завлегувајќи во најавтентичните улички во разни европски градови. Потоа ги доработува во консултација со семејството, колегите, а во „О ла ла“, пред да се испече нов производ, важно е и мислењето на гостите. Ели е сопруга на Сашо и мајка на Ена (14) и Лана (10,5), која многу сака да готви и додека се подготвува за нејзиниот прв јутјуб канал за готвење, самата дома тестира рецепти. 

* Од кога точно и како почна приказната на „О ла ла“, како се разви во бренд?

- Штотуку наполнивме 7 години. Стартувавме на 3 октомври, на роденденот на мојот сопруг, која од самиот почеток беше скептик дека слаткарството во државава има потреба од уште едно име. Мислев дека ако наместо торта, добие цела слаткарница ќе му го омекне срцето. Еве сме сега, по првите кризни седум години од секоја релација, живи и помалку или повеќе искусни. Јас сакам да сум дел од новите трендови, да си фантазирам за новините, да експериментирам.  Името случајно го фрли еден колега од „Њу Момент“, кога ги погледна скиците од ентериерот на тогашната наша прва локација. „О ла ла“, е француски израз, кој меѓу другото означува воодушевување.

Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни