Славчо Попоски најавува дека ќе имаме мраз и порачува земјоделците да ги заштитат културите
Објавено во: Македонија 08 Април, 2022 16:25
Meтеорологот Славчо Попоски вели дека под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ, до крајот на денешниот ден и утре времето во Македонија ќе биде сончево и значително потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од југозападен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени. Во Скопје и околината исто така времето ќе биде сончево и значително потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура денес ќе се искачи до околу 22, а утре до околу 25 степени.
„Потоа во недела и тоа под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, ќе има нови врнежи од дожд и снег на планините. Сево ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северозападен правец. Локално ќе има услови и за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Температурите позначително ќе опаднат, и тоа дури за 6 до 9 степени во споредба со оние од предтходниот ден, и максималните дневни во недела ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Нова стабилизација на времето и многу повеќе сонце ќе има уште од самиот почеток на следната недела“, вели Попоски.
Додава дека поради продорот на студена воздушна маса од север, но и поради разведрувањето, во првите денови од следната недела наутро минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, и истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека на повисоките планински места истите се очекува да се спуштат дури и под -5 степени. Токму поради ова на многу места се очекува појава на мраз со што ги предупредуваме на земјоделците навремено да си ги заштитат своите земјоделски култури.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




