17 Мај, 2024
0.0352

Славчо Попоски највува големо затоплување на времето

Објавено во: Македонија 21 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски највува големо затоплување на времето, и вели дека конечно ќе се збогуваме со зимата. 

Вели дека првите неколку дена од пролетта ќе бидат невообичаено студени и ќе наликуваат повеќе на зимски и минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 16 степени во најтоплите предели. Вели дека дека овие температури се невообичаено ниски за овој период од годината.

„Ќе биде и доста ветровито, односно ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Ветерот најизразен ќе биде во текот на утрешниот ден, кога понекаде ќе биде и силен и ќе достигнува брзина од над 70 км/час. Поради ваквата состојба на граѓаните ги советуваме да бидат внимателни. Крајно внимателни да бидат и возачите, односно своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвјата. Значително потопло и пролетно време и со многу сонце ќе биде од средината на оваа недела, па натаму кога температурите ќе се искачат дури и до 20 степени. Во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури и до околу 23 степени, односно истите низ државава ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, и тоа особено кон крајот на оваа работна недела. Сево ова е поради продорот на топла воздушна маса од јужните географски широчини која се очекува да продре како што најавивме од средината на оваа недела па натаму. Ова е најава дека пролетта полека но сигурно ќе започне да се буди! Инаку, според моменталните анализи со кои располагаме, оваа пролет ќе имаме доста топли денови и таа треба да биде потопла од вообичаеното. Врнежите пак треба да бидат околу просекот, што значи се очекува нормално количество на врнежи како за пролетно време“, рече Попоски. 

Сепак повремено не се исклучуваат и продори на постудени воздушни маси од север кој би условиле и постудено време од вообичаеното. 

Можеби ќе ве интересира

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда