Славески тврди дека со прогресивното оданочување страдаат работните места
Објавено во: Економија 07 Ноември, 2018
Ако Владата сака суштински промени тогаш треба да ги оданочува навистина богатите и да воведе поголем данок на имот или даноците за наследство. Ова го изјави екс министерот за финансии, Трајко Славески во синоќешното гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ24.
Како што рече тој со овој вид на данок владата всушност удира по работните места.
Славески меѓу другото истакна дека Владата не ги оданочува богатите бидејќи луѓето кои се опфатени во овие 1% со прогресивното оданочување се луѓе кои со труд достигнале да бидат конкуренти на пазарот на трудот.
Според него со ваквиот пристап се создава идеолошка конфузија.
„Богатите ќе се оданочуваат – вие со оваа реформа не го оданочувате богатството и тука е проблемот затоа што правите конфузија помеѓу доход и богатство. Дали е богат некој млад инженер кој што се наоѓа на меѓународниот пазар на труд и заработува 1.500 евра, живее кај своите родители и нема стан нема педа земја“, посочи Славески.