Славниот хрватски фудбалер Модриќ 5 години во затвор?
Објавено во: Балкан 04 Март, 2018
Лука Модриќ, моментално најголемата хрватска фудбалска ѕвезда која настапува во Реал Мадрид, се соочува со можна затворска казна од 5 години. Модриќ е обвинет за лажно сведочење во корист на контроверзниот бизнисмен и фудбалски газда Мамиќ од Хрватска кој беше директор на Динамо Загреб.
Токму од овој клуб со трансфер во Тотенхем започна блескавата меѓународна кариера на Модриќ кој стана најскапо платениот хрватски фудбалер на сите времиња и со тоа ги сруши сите трансфер рекорди.
Јавниот обвинител на Хрватска се сомнева дека Мамиќ заедно со негови соработници од милионскиот трансфер на Модриќ проневериле околу 2 милиони евра кои ги изнеле во кеш и низ различни трансакции надвор од Динамо Загреб со што нанеле голема штета на клубот и сториле даночна измама.
Доколку Лука Модриќ биде осуден за лажно сведочење најниската предвидена казна е шест месеци, а максималната пет години.