СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Премиерот Спасовски ќе го презентира третиот пакет економски мерки
Објавено во: Економија, Македонија 17 Мај, 2020
Премиерот Оливер Спасовски ќе одржи прес-конференција за третиот пакет економски мерки. На прес конференцијата ќе присуствуваат и вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и министерот за образование и наука, Арбер Адеми.